Според „Политико“, иако пресудата на судот во Лил има мало влијание врз националната популарност на Ле Пен или нејзиното место во парламентот, таа е уште еден потсетник за тоа како нејзините судски проблеми влијаат на нејзината политичка кариера
Францускиот суд ѝ го одзеде мандатот на лидерката на опозицијата, Марин Ле Пен, како пратеничка во северниот регион Па де Кале, бидејќи претходно е прогласена за виновна за проневера на јавни средства.

Најави дека ќе поднесе жалба на денешната одлука на судот во Лил, што значи дека пресудата ќе биде суспендирана и дека таа ќе го задржи мандатот како регионален советник до одлуката на второстепениот суд.
Според „Политико“, иако пресудата на судот во Лил има мало влијание врз националната популарност на Ле Пен или на нејзиното место во парламентот, таа е уште еден потсетник за тоа како судските проблеми влијаат на нејзината политичка кариера.
Таа заедно со уште 24 други функционери од нејзината партија се обвинети дека пренасочиле повеќе од три милиони евра од средствата на Европскиот парламент за да ги платат ангажираните асистенти кои работеле во партијата во период од 2004 до 2016 година.
Во нејзиниот случај, обвинителите тврдеа, а судиите се согласија дека кршењето на законот е толку грубо што треба веднаш да ѝ биде забрането да се кандидира за јавна функција, без оглед на тоа дали ќе се жали.
Таа досега трипати се кандидираше за претседателка на државата, а најави дека 2027 година ќе биде нејзината последна кандидатура за највисоката функција.