Еден месец пред донесувањето на новите изборни правила, на итна седница на 15 септември, премиерот најави дека Изборниот законик ќе се менува по локалните избору, за што се повика и на разговор со спикерот Талат Џафери
Се согласувам дека измените во Изборниот законик се задоцнети, ама сепак се неопходни за да имааме подобар изборен процес, оцени денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.
„Овие измени, иако доаѓаат задоцнето – се согласувам, сепак се неопходни да имаме еден подобар изборен процес и во делот на пофер изборно рекламирање на учесници, но и во делот на дополнителни рокови за жалби, право на жалби на индивидуални лица, подобрен пристап до можноста за гласање на лицата кои се во затвор и на лицата со посебни потреби, поголема транспарентност. Се дава дополнителна надлежност на ДКСК да има детална листа од секоја институција на сите службени возила за тие да не се користат во кампања“,
изјави Маричиќ.
Најголем дел од тие работи, според министерот за правда, се препораки на ОБСЕ/ОДИХР и ние ги направивме.

„Благодарност до сите политички партии во Собранието што ги направија во последен момент пред изборите. Тоа не е посакувам тајминг, најдобро би било да се случеше пред шест месеци. Меѓутоа и сега не е доцна и верувам дека колегите од ДИК навремено ќе ги спроведат сите обврски од изборниот процес, согласно со овие измени“,
рече Маричиќ.
На 15 септември, Собранието, по скратена постапка и на итна седница, со консензус, поточно со двотретинско мнозинство и со само еден глас против и два воздржани, ги донесе измените во Изборниот законик, пвеќе од еден месец по распишувањето на локалните избори и на 12 дена пред почетокот на кампањата. Измените почнуваат да важат веднаш, односно и затековниот изборен циклус, за што ДИК усвои ревидиран Роковник за спроведување на изборните дејствија.
Еден месец претходно, на 15 август, премиерот Зоран Заев најави дека измените во Изборниот законик ќе се носта по локалните избори. Тој рече дека за тоа разговарал со претседателот на парламентот Талат Џафери.
„Претседателот на Собранието ме информира дека по последните измени – за отпечатокот од прст и за препораките од ОБСЕ/ОДИХР, законот ќе остане таков каков што е за да нема забелешки дека во ‘пет до 12’ нешто се прави, а притоа тоа би довело само до блокада на законското решение. Законското решение ги потврдува поволностите на независните листи, значи прагот останува ист, ги дава сите досегашните можности на конституирање на кандидатските листи за советници и градоначалници, ја зголеми транспаретноста и одговорноста заради вградените препораки од ОБСЕ/ОДИХР, првпат ќе се гласа со отисок од прст во државата што е гаранција за фер и демократски избори и верувам дека таков исчекор ќе продолжиме и натаму да правиме“,
рече тогаш Заев, откако и Џафери, пред распишувањето на изборите, изјави дека би било некоректно на почнат изборен процес да се менуваат избрните правила.