Министерот за правда Бојан Маричиќ утре ќе отпатува за Брисел, а во неговата агента е и средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Според најавата, меѓу темите за кои ќе разговараат се и почетокот на преговорите со ЕУ односно евроинтеграциите на земјата.
„Министерот од утре ќе претставува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс. Тема на разговорите ќе биде евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеењето на правото“,
велат од неговиот кабинет.
Предвидено е Маричиќ да има средби и со в.д. директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Михаела Матуела, како и со европратениците Тања Фајон и Ирена Јовева од Словенија, Тонино Пицула од Хрватска, Андреас Шудер од Австрија.