Судењата на далечина или онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, покажале анализите на работната група за дигитализација во Министерството за правда. Дополнително, како што објави министерот за правда Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил, на овој начин се намалуваат трошоците во судството.
„Само со 15 институции приклучени на системот за интероперабилност ќе се заштедат 15 милиони евра на годишно ниво, или 2,5 тони хартија, односно 3.000 дрва“
соопшти Маричиќ.
