Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервју за „360 степени“ зборуваше за разликите во текот на судските случаи и како да се реши тоа што одредени течат многу споро.

„Мислам дека ова е можеби подобро прашање за Судскиот совет но еве, можеби една добра идеја би била секој суд да има определена програма за менаџирање на случаите од моментот кога ќе влезе случајот во судот, отприлика за колку време би имал разрешница во тој суд. Нормално, се работи на методологија за утврдување на тежина на еден случај, за утврдување на начин на менаџирање на тие случаи… меѓутоа верувам дека секој претседател на суд може да направи програма или динамика за колку време најефикасно и најбрзо би го направил тоа. Има случаи коишто се потешки, кадешто има повеќе сведоци или повеќе работа, но сепак, се развива во моментов методологија за утврдување на тежината на случаите. Видовме дека судот може да испорача брзо во одредени случаи“,
рече Маричиќ.
