Иако не ја споменува конкретно, сепак, во „замолницата“ што Маричиќ ја упатил до шведската министерка може да се препознае опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, и покрај повиците од власта, одби да номинира своите претставници во работната група за уставните измени и од каде што порачаа дека нема да поддржи измени на уставот да поддржат никакви измени на највисокиот правен акт на државата
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја замолил шведската министерка за Европска Унија и нордиска соработка Јесика Росвал да разговара со сите политички актери за процесот на уставни измени и одговорноста што сносат тој да заврши успешно.

Иако, не ја споменува конкретно, сепак, во „замолницата“ што Маричиќ ја упатил до шведската министерка може да се препознае опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, и покрај повиците од власта, одби да номинира своите претставници во работната група која треба да ги изготви предлог-амандманите со кои Бугарите, но и други заедници во земјава, треба да се вметнат во Преамбулата на Уставот. Опозициската партијата и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски остануваат цврсто на ставот дека измени на уставот нема да поддржат и оти тие нема да се случат во овој парламентарен состав такви измени нема да има.
„Јас ја информирав дека е започната работата на работната група за уставните измени и дека очекуваме во наредниот период да даде резултати на брз рок и секако ја замолив да разговара и по моите информации ќе има можност да разговара со сите политички актери кои сносат одговорност за овој процес да заврши успешно годинава и да испрати една јасна порака на сите актери, она што ние сите го знаеме и го слушаме дека нашите обврски се дефинирани со преговарачката рамка, дека нема ниту време ниту простор да се преговара повторно на таа тема и дека треба да го искористиме моментумот“,
изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на информативната кампања за ИПАРД 3 програмата.
Прашан дали со уставните измени се предвидени дополнителни промени во Преамбулата во насока на заштита на македонскиот јазик и народ, Маричиќ рече дека прва пат слуша за такво нешто и дека од она што го знае е дека досега сетот на прашања за кои се разговара не е проширен со дополнителна тема.
„Динамиката во работната група за уставните измени треба да ја споделат колегите кои се таму, но она што знам е дека до сега нема тема со која се шири сетот на прашања, кои се разговараат за уставни измени. Што постриктно се држиме до обврските од преговарачката рамка, тоа подобро“,
рече Маричиќ.
Надоврзувајќи се на прашањето, вицепремиерот за европски прашања рече оти смета дека ние имаме доволно елементи и во Уставот и во заклучоците на Собранието за заштита на нашиот јазик и идентитет, и дека до сега сме покажале на дело дека ги штитиме соодветно. Но, како што додаде тој, претставниците на партиите и експертите имаат легитимно право да ги отворат овие прашања и да се разговара за нив.
„Па дури и опозицијата која не номинираше претставници за работната група, има легитимно право да ги отвора овие прашања. Ние сме подготвени за дијалог на оваа тема“,
рече Маричиќ.