Со највисоки државни и воени почести, Пленковиќ ќе биде пречекан од премиерот Димитар Ковачевски. Предвидено е двајцата премиери првично да имаат тет-а-тет средба, а потоа и да се одржи состанок помеѓу двете делегации
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ му посака добре дојде на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој предмалку слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
„Во време кога сме поставени пред нови процеси и предизвици, вистинските пријатели се со нас да споделат искуство и да дадат поддршка за европската интеграција на Северна Македонија. Срдечно добре дојде за хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со кој ќе имаме можност да дискутираме за нашите планови, за нови проекти и за иднината на регионот“,
објави Маричиќ на Фејсбук.
Со највисоки државни и воени почести, Пленковиќ ќе биде пречекан од премиерот Димитар Ковачевски.
Предвидено е двајцата премиери првично да имаат тет-а-тет средба, а потоа и да се одржи состанок помеѓу двете делегации.
Во составот на македонската делегација на средбата ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.
Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.