Досегашниот министер за инфорамтичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој сега е избран за пратеник и не се враќа како член на владиниот кабинет, сепак, е можно да се врати во Владата, ама како генерален секретар.
ТВ 21, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека Манчевски ќе биде наследникот на Драги Рашковски, како генерален секретар на новата Влада. Во смс-порака до ТВ 21, Манчевски ниту ја потврдил, ниту ја демантирал информацијата, посочувајќи дека за генералниот секретар го избира Владата, на предлог на премиерот.

Манчевски по професија е електро инженер. Тој денеска ја одржа последната прес-конференција како министер за информатичко општество и администрација, а пото беше прв говорник од пратеничката група на СДСМ, на денешната седница за избор на Владата.
На неговото место во владиниот кабинет доаѓа Јетон Шаќири од ДУИ.