„Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите познати чекори и не поднесува оставка, туку продолжува да изработува за Заев, со поставувањето на Трајановски за потпретседател“, изјави Манасиевски

Актуелни и поранешни партиски функционери на СДСМ бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи. Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДСМ спадна на 120 000 гласови и само шест општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче сè повеќе го губи легитимитетот во партијата. Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите познати чекори и не поднесува оставка, туку продолжува да изработува за Заев, со поставувањето на Трајановски за потпретседател“,
рече Манасиевски.
Според него, јавноста, како и членови, активисти и симпатизери на СДСМ бараат оставка од Филипче и промени во раководството.
„Народот воопшто не очекува резултати од Филипче, кој несомнено е продолжена рака на Зоран Заев во СДС. Доколку СДС сака да исчезне од политичката сцена, Филипче нека продолжи така“,
порача Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
