Во текот на вчерашниот ден Општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ и прогласи тридневна жалост
Малолетник загинал во тракторска несреќа во селото Саса кај Македонска Каменица. Несреќата се случила вчера попладне откако 58-годишник загубил контрола врз тракторот со приколка.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 58-годишниот С.Ѓ. загубил контрола и излетал во река.
„При тоа, Д.А. (52), кој се превезувал на тракторот скокнал од него и останал неповреден, но малолетно лице кое исто така се превезувало на тракторот, паднало и било прегазено од тракторот, по што починало. И возачот на тракторот се здобил со повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево“,
се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден Општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ и прогласи тридневна жалост.
