Според портпаролот на Министерот за внатрешни работи на Унско-сантскиот кантон, Аднан Бегановиќ, уапсено е 15-годишно момче што синоќа изврши напад на двајца полицајци, од кои едниот им подлегна на повредите
Во полициската станица во Босанска Крупа, во северозападна Босна и Херцеговина вчеравечер малолетник со нож усмрти еден полицаец, а тешко рани друг, информира босански Н1.

Малолетникот веднаш бил уапсен.
Во Босанска Крупа се зголемени мерките за безбедност, а во текот на ноќта постојано имаше силно полициско обезбедување.
Повредениот полицаец е опериран во болницата во Бихаќ и е неговата состојба е стабилна.
Според портпаролот на Министерот за внатрешни работи на Унско-сантскиот кантон, Аднан Бегановиќ уапсено е 15-годишно момче што синоќа изврши напад на двајца полицајци, од кои едниот им подлегна на повредите.
„Она што сите не изненади е што малолетник се дрзна да влезе во полициска станица и нападна полициски службеници. Ова е аларм, а ние како општество треба да се запрашаме што ни се случува
рече тој.
Ovo je Policijska stanica u Bosanskoj Krupi u kojoj je večeras četrnaestogodišnjak nožem ubio jednog policajca, a drugog teško ranio pic.twitter.com/KNS1qGvmNy
— Istraga.ba (@IstragaB) October 24, 2024
Според министерот за внатрешни работи за посочениот кантон Аднан Хабиби, се работи на случајот, а се надева дека истрагата ќе понуди и дополнителни детали.
Како што пренесуваат босанаските медиуми, малолетникот го нападна полицаецот Огњен Маран, по што од здобиените повреди почина, а неговиот колега Авдо Хасанович е тешко ранет и е хоспитализиран, но во стабилна состојба.
