Сообраќајката се случила на крстосницата на булевар „Словенија“ со улица „Јадранска Магистрала“ во Визбегово. Малолетникот бил удрен од „опел“ со скопски регистрарски таблички управуван од извесен Ф.Ч. (44) од Скопје
Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа што попладнево околу 17:30 часот се случила во скопската населба Визбегово.

Сообраќајката се случила на крстосницата на булевар „Словенија“ со улица „Јадранска Магистрала“. Малолетникот бил удрен од „опел“ со скопски регистрарски таблички управуван од извесен Ф.Ч. (44) од Скопје.
Со возило на Итната медицинска помош малолетникот е пренесен на Ургентниот центар „Мајка Тереза” каде што му се констатирани тешки телесни повреди, а потоа е задржан на Детската клиника.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
