Во кавадаречката полиција денеска, 40 минути по полноќ, бил извршен службен разговор со 38-годишниот прилепчанец В.К. кој е сопственик на рингишпилот
Малолетник од Кавадарци синоќа се здобил со телесни повреди на рингишпил во градот.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, малолетникот бил повреден откако врз него паднал метален предмет од рингишпилот. Малолетникот бил пренесен во кавадаречката болница каде што му биле констатирани повредите.
Од страна на Одделението за внатрешни работи од Кавадарци, се додава во соопштението од СВР Велес, денеска, околу 40 минути по полноќ, бил извршен службен разговор со 38-годишниот прилепчанец В.К. кој е сопственик на рингишпилот.
Од велешката полиција велат дека бил извршен увид од страна на екипа од ОВР Кавадарци и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.