Имало зачадување во просторот, на терен биле 11 пожарникари и три противпожарни возила

Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој, како што информираа за МИА од скопската Противпожарна бригада, бил успешно изгаснат и не предизвикал поголеми штети.
„Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем и брзо беше изгаснат“,
вели командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески.
Причината за предизвиканиот пожар ќе биде дополнително утврдена.