„ЗНАМ не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, а уште помалку СДСМ и тоа што остана од него. Не е ниту една друга политичка партија на македонската политичка сцена, туку е гласноговорнок на народот. ЗНАМ е коректор на власта, но оваа власт заслужува шанса зашто граѓаните тоа го одлучија на избори“, рече Димитриевски во обраќањето за вториот Конгрес на партијата
Максим Димитриевски денеска е реизбран за претседател на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија.
На вториот Конгрес на партијата, тој повторно ја доби довербата од партиското членство.

Димитриевски, заблагодарувајќи се за изборот рече дека има намера да создава нови лидери, бидејќи ЗНАМ работи и ќе работи како нова политичка сила, за што рече, дека го докажале во изминатите 14 месеци.
„Преземаме голема одговорност. Ова не е игра или обид. Ова е да создадеме нешто ново, бидејќи Македонија тоа го заслужува и ние тоа го правите. Тоа ни го потврдуваат тие што не обвинуваат, критикуваат, оти нормите во Македонија се променија во корен“,
рече тој.
Според него, идеологијата на партијата влече корени од Крушево и АСНОМ и тоа заветот што ќе го следат.
„ЗНАМ не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, а уште помалку СДСМ и тоа што остана од него. Не е ниту една друга политичка партија на македонската политичка сцена, туку е гласноговорнок на народот. ЗНАМ е коректор на власта, но оваа власт заслужува шанса зашто граѓаните тоа го одлучија на избори“,
кажа Димитриевски.
Во партијата ЗНАМ, според него, има членови од сите етнички заедници, меѓу кои и наши сограѓани што се изјасниле како Бугари.
„Ја го почитувам и верувам и сите вие, бугарскиот народ. Но, не го почитувам тоа што доаѓа од официјална Софија, а најмалку тоа што е ставено во Реезолуцијата на бугарскиот парламент и потврдено пред неполн месец со втората резолуција. Не ги почитувам ставовите што ги изнесува бугарскиот претседател во јавноста, кој по природа на нештата трееба да ни биде близок како шо ни е преетседателот на Србија. Сакаме да бидеме блиски со сите сосееди. Оставете не да си ја терамее македонската работа, на медонски начин, со нашите сограѓани од другите етнички заедници што со векови живеат на овие простори“,
рече Димитриевски.
Посочи дека ЗНАМ е за членство во Европската Унија, но не по секоја цена и оти не треба да дозволиме да се погазиме самите себеси, да ја бришеме сопствената историја и да газиме по коските на сопствените предци, бидејќи нивниот завет е впишан во Крушевскиот манифест и во АСНОМСКАТА декларација.