По разговорот со американскиот претседател, шефот на француската држава Емануел Макрон денеска ќе разговара со колегите од Русија, Украина и Полска како продолжување на дипломатската иницијатива за политичка разрешница на кризата на руско-украинската граница.
По видеоконференцијата посветена на Украина со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Макрон рано попладне ќе разговара телефонски со својот полски колега Анджеј Дуда, а вечер со рускиот Владимир Путин и со украинскиот Владимир Зеленски, соопшти Елисејската палата.
„Приоритет е да се најде политички начин за излез од кризата и да се’деескалираат тензиите на границата“,
рече Макрон.
Од Елисејската палата и Белата куќа ги потврдија и разговорите помеѓу Макрон и Џо Бајден, во кој се обврзале на силна координација и договор меѓу европските партнери и сојузници.
Емануел Макрон посочи дека би можел да отпатува во Москва, а можеби и во Киев во наредните денови.
„Не исклучувам ништо бидејќи мислам дека улогата на Франција, која претседава со Советот на Европската Унија овие шест месеци, е да се обиде да изгради заедничко решение“,
рече тој.