„Мнозинството пратеници се противат на распуштањето на парламентот. Врз основа на ова, претседателот на Франција ќе назначи премиер во следните 48 часа“, соопшти Елисејската палата, цитирајќи ги заклучоците на премиерот Себастијан Лекорну
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните 48 часа, соопшти неговиот кабинет, додавајќи дека мнозинството пратеници се против одржување предвремени парламентарни избори во услови на најтешката криза во Франција во последните децении.

Себастијан Лекорну беше петтиот премиер на Франција во последните две години. Тој поднесе оставка во понеделникот, само неколку часа откако го објави својот кабинет, што дополнително се интензивираше политичката криза во Франција. На барање на Макрон, Лекорну одржа нова рунда консултации со партиските лидери во обид да се реши кризата и да се избегнат предвремени избори.
„Мнозинството пратеници се противат на распуштањето на парламентот. Врз основа на ова, претседателот на Франција ќе назначи премиер во следните 48 часа“,
соопшти Елисејската палата, цитирајќи ги заклучоците на Лекорну.
Францускиот претседател Емануел Макрон беше соочен со силен притисок да свика предвремени парламентарни избори или да поднесе оставка откако неговите доскорешни сојузници почнаа да му се придржуваат на противничкиот табор во барањето претседателот на земјата да преземе чекори за да стави крај на политичката криза во втората по големина економија во Европската Унија, која трае веќе подолго време.