Францускиот претседател Емануел Макрон повторно побарал од рускиот лидер Путин да стави крај на оспадата на Мариупол
На повидок нема договор за прекин на огнот во Украина, се вели во соопштението на Елисејската палата по денешниот телефонски разговор на францускиот и рускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин.
Разговорот меѓу Макрон и Путин траел еден час, потврдија и од Кремљ.
Францускиот претседател од почетокот на руската инвазија врз Украина, осумпати разговараше со Путин и 17 пати со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Засега нема договор, но претседателот Макрон верува дека треба да продолжи со своите обиди. Не постои друг излез освен прекин на огнот и преговори меѓу Русија и Украина“,
се вели во соопштението на Елисејската палата, пренесува Си-ен-ен.
Францускиот претседател Емануел Макрон повторно побарал од рускиот лидер Путин да стави крај на оспадата на Мариупол, да овозможи хуманитарни коридори и да нареди итен прекин на огнот, соопштено е од кабинетот на Макрон.
Макрон порано денеска, во рамките на кампањата за претседателските избори во април, рече дека верува оти помеѓу украинскиот отпор, острите западни санкции и дипломатскиот притисок, постои пат кон постигнување на мир.