Аналитичарите оценуваат дека во Франција, исцрпена по две години од пандемијата на коронавирусот и загрижена за конфликтот во Украина, најважните избори овој пат се во втор план, што може да доведе до помал одѕив на гласачите
Актуелниот француски претседател Емануел Макрон и натаму е фаворит на претседателските избори, но кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен ја намалува разликата, објавија француските медиуми повикувајќи се на резултатите од новата анкета.
Макрон би можел да освои 28 отсто од гласовите во првиот круг од изборите закажан за 10 април, а Ле Пен 21 отсто.
Аналитичарите оценуваат дека се чини оти се поизвесно е дека ситуацијата ќе биде иста како и на претходните претседателски избори во 2017 година, кога Макрон и Марин Ле Пен влегоа во вториот круг од изборите.
Кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон е трет во анкетата со 15,5 отсто од гласовите, пред кандидатот на крајната десница Ерик Земур со 10,5 отсто од гласовите. Зад Земур е кандидатот на традиционалната десница Валери Пекрес со 9,5 отсто гласови.
Анкетата е спроведена онлајн од 28 до 30 март на повеќе од 1 500 испитаници.
Аналитичарите наведуваат дека изборната кампања е бледа, без реална неизвесност и дека се одвива со извесна незаинтересираност од граѓаните, што може да доведе до помал одѕив на гласачите, пренесе агенцијата Франс прес.
Тие оценуваат дека во Франција, исцрпена по две години од пандемијата на коронавирусот и загрижена за конфликтот во Украина, најважните избори овој пат се во втор план.