Гласањето за вториот круг од претседателските избори во Франција ќе се одржи на 24 април
Актуелниот француски претседател Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен ќе влезат во вториот круг од претседателските избори во Франција.
Според излезните анкети на Ипсос од денешното гласање, кои беа објавени веднаш по затворањето на гласачките места во 20 часот вечерва, актуелниот шеф на државата, Емануел Макрон освоил 28,1 отсто од гласовите, додека за кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен се определиле 23,3 проценти од француските граѓани кои гласаа денеска.
На трето место, со околу 20 отсто од гласовите е левичарот, Жан Лук Меленшон.

Во првиот круг учествуваа вкупно 12 кандидати.
Околу 48,7 милиони регистрирани гласачи можеа да гласаат од 8 до 19 или 20 часот, кога гласачките места беа затворени. До 17 часот излезноста беше 65 отсто, што е за 4,4 процентни поени помала од 2017 година.
Макрон се надева на втор мандат, а негов најголем противник на анкетите пред изборите беше Марин Ле Пен. Левичарскиот популист Жан-Лук Меланшон, исто така, се надева дека ќе влезе во вториот круг од изборите на 24 април.