Макрон вели дека Франција продолжува со своите напори да состави коалиција за обезбедување на Ормускиот теснец откако ќе се стабилизира безбедносната ситуација

Претседателот Емануел Макрон вели дека Франција никогаш нема да учествува во операции за деблокирање на Ормускиот Теснец, при што ги отфрли коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Париз е подготвен да помогне.
Трамп вчера, зборувајќи на настан во Белата куќа, рече дека разговарал со Макрон давајќи му оценка „8 од 10“ за неговиот став за наведување на сојузниците да го деблокираат Ормускиот Теснец, и предложи Макрон да се придружи на напорите поддржани од САД.
„Ние не сме страна во конфликтот и затоа Франција никогаш нема да учествува во операции за отворање или ослободување на Ормускиот Теснец во сегашниот контекст“,
рече Макрон на почетокот на состанокот на кабинетот за да се разговара за конфликтите на Блискиот Исток.
Макрон вели дека Франција продолжува со своите напори да состави коалиција за обезбедување на Ормускиот Теснец откако ќе се стабилизира безбедносната ситуација.
„Убедени сме дека откако ќе се смири ситуацијата – и намерно го користам овој термин широко – откако ќе се смири ситуацијата, односно откако ќе престане главното бомбардирање, ние сме подготвени, заедно со другите нации, да ја преземеме одговорноста за системот за придружба“,
рече Макрон.
Повикот на Трамп до европските сојузници, вклучувајќи ги Франција и Велика Британија, да испратат воени бродови за да помогнат во деблокирањето на Теснецот, наиде на ладен одговор и покрај тоа што владите во светот се погодени од зголемувањето на цените на енергијата.
Според правните експерти, секое воено вклучување на овие земји би довело до ескалација на војната што Соединетите Држави и Израел ја започнаа против Иран.
Предлогот на Трамп е сојузниците да помогнат во деблокадата на Ормускиоит Теснец со поморски средства, односно со т.н. бродови миноловци – што Европа ги има повеќе од САД.
За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу лоша иднина ако сојузниците на САД не помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец, кој е блокиран од Иран.
