Дијагнозата е поставена со ПЦР-тест, по појавата на првите симптоми
Францускиот претседател Емануел Макрон има позитивен тест за ковид-19, соопштија денеска од неговиот кабинет.
„На претседателот на Републиката му е дијагностициран позитивен тест на ковид-19 денес“,
се вели во соопштението на неговиот кабинет, како што пренесува „Ројтерс“.
Оваа дијагноза е поставена со ПЦР-тест, по појавата на првите симптоми.
Од претседателскиот кабинет најавија дека Макрон ќе се изолира во следните седум дена.
