„Макпетрол“ и во овие особено тешки и комплексни услови поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, ќе продолжи да работи без застој и рестрикции со цел граѓаните и компаниите да функционираат без проблеми, порачуваат од компанијата.
„Сепак, набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските регулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината“,
информираат од „Макпетрол“.
Нагласуваат дека поради новонастанатата ситуација, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што, како што велат, подразбира и работа со загуба.
Оваа реакција на „Макпетрол“ доаѓа откако вчера поради лажна вест на социјалните мрежи за поскапување на горивата, во повеќе градови ширум земјава, граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите, поради што се создадоа големи метежи пред бензинските пумпи.