Од ЕСМ посочуваат дека по евалуациајта на некомплетните понуди, заклучиле дека цената што ја понудил „Макпетрол“ за природен гас за ноември е повисока од другите поради што се размислува дали да се набави гас од таа компанија или да се почека да се докомплетираат понудите и од другите понудувачи на тендерот
Во изјава за МИА од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) информираат дека на тендерот за набавка на природен гас компанијата добила официјална понуда само од „Макпетрол“, која е со висока цена. Поради тоа, оттаму посочуваат дека се размислува дали да се набави гас за топланите за ноември од оваа компанија или да се почекаат и другите понуди кои во моментов се испратени како некомплетни.
Претходно денеска од ЕСМ посочија дека за ноември за топланите ќе набават количини од „Макпетрол“.
„За гасот имаме официјална понуда од ‘Макпетрол’. Втората понуда од странската компанија е информативна, треба да ја комплетираат со сите податоци и да ја испратат во официјална форма“
информираа претходно денеска од ЕСМ за МИА.
Од компанијата посочуваат дека по евалуациајта на некомплетните понуди, заклучиле дека цената која ја понудил „Макпетрол“ за природен гас за ноември е повисока од другите поради што се размислува дали да се набави гас од таа компанија или да се почека да се докомплетираат понудите и од другите понудувачи на тендерот.
„По разгледувањето на новите понуди утврдено е дека цената на понудата од ‘Макпетрол’ е висока, така што во АД ЕСМ се размислува дали да се набави гас за ноември за топланите од ‘Макпетрол’ или да се сочекаат и другите понуди кои во моментов се испратени како некомплетни“,
прецизираат од АД ЕСМ за МИА.
Рокот за доставување на понудите н тендерот на АД ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топалните во Скопје и евентуално за работа на ТЕ-ТО заврши во петокот, но од компанијата оставија време до денеска за евентуално да не пристигне некоја понуда по пошта.
Од ЕСМ планираа да набават природен гас за следните шест месеци, односно за целата грејна сезона за топланите, но и за когенеративната електрана ТЕ-ТО доколку имаше понуда со прифатлива цена на природниот гас.