Нема повеќе да биде потребен негативен ПЦР-тест за влез во Црна Гора, одлучија тамошните власти. Оваа новина ги опфаќа сите граѓани на Западен Балкан меѓу кои и државјаните на С Македонија.
Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР-тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан односно на С Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија.
Меѓу оние од кои не се бара проверка се и држави од источниот блок како Русија, Белорусија и Украина.