Од МВР велат дека на 10.02.2022 во Софија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено, на територијата на земјава при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од втора и од трета категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги
Против три лица од Скопје – П.Т. (66), Б.Т. (36) и А. Т. (34), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривични пријави поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 3 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
П.Т. приведен денеска, како дел од меѓународната криминалистичка истрага со бугарскиот Оддел за борба против организиран криминал и во координација на Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа (СЕЛЕЦ), при што е откриена у сузбиена македонско-бугарска организирана криминална група.
Од МВР велат дека на 10.02.2022 во Софија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори.
Истовремено, на територијата на земјава при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од втора и од трета категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги.
Според МВР, Б.Т. и А.Т., како дел од поголема меѓународна криминална група, а со цел стекнување на противправна имотна корист во Софија инсталирале нелегална лабараторија за производство на синтетички дроги амфетамин, метамфетамин и екстази и потоа неовластено произведената синтетичка дрога ја продавале на територија на Бугарија, а дел од неа транспортирале во земјава, каде била преземана од страна на П.Т. заради понатамошна продажба.
Лицето лишено од слобода во текот на денешниот ден ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка, за кого од страна на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесен предлог за одредување на мерка притвор.