На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61. место

Македонските граѓани без виза можат да патуваат во 130 држави во светот што е за три повеќе од лани. Со тоа, според рангирањето на „Хенли паспорт индекс“ (The Henley Passport Index), македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година.
На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61. место.
Најмоќниот пасош на светот и годинава го има Сингапур чии граѓани може без виза да влезат во 193 од вкупно 227 земји. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации без виза, трети се Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Шпанија и Финска со пристап до 189 дестинации. На четвртото место со пасош со кој може без виза да се патува во 188 земји се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и Шведска. На петтото место со можност за безвизно патување на 187 дестинации се Грција, Швајцарија и Нов Зеланд. Со британски пасош слободно може да се патува во 186 земји со што е на шесто место, додека пасошот на САД е на 10. место и со него без виза може да се патува во 182 држави.
Пасош што е најниско рангиран, со кој може без виза да се патува само во 25 земји, е оној на Авганистан, по што следуваат Сирија со пасош со кој може да се патува на 27 дестинации и Ирак со пасош со кој без виза може да се патува во 30 земји.