Изедначувањето 1:1 стигна во 74. минута кога капитенот Енис Барди беше прецизен и даде гол
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.
Со тоа, фудбалската репрезнтација на Македонија ги загуби шансите за директен паласман на Светското првенство. Сега во последното коло против Велс, нашата селекција ќе мора да остане непоразена, ако сака да се надева на второто место кое носи бараж.

Во првиот дел противникот беше подобар со повеќе контрола над топката, додека нашите репрезентативци имаа повеќе шанси за постигнување гол.
По грешката на нашата одбрана Казахстан поведе во 54. минута со голот на Динмухамед Караман.
Изедначувањето 1:1 стигна во 74. минута кога капитенот Енис Барди беше прецизен и даде гол.
Нашата репрезентација последниот натпревар го игра во Кардиф против Велс на гостински терен на 18. ноември.