ЕУ првпат обезбеди превод на македонски јазик на презентацијата на годишните извештаи за земјите опфатени со процесот на проширување
Презентацијата на извештаите за реформскиот напредок на земјите опфатени со процесот на проширување денеска првпат се пренесуваше со превод на локалните јазици од регионот меѓу кои и на македонски јазик.

Конкретно, прес- конференцијата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој ги објави извештаите, можеше да се следи и на македонски (Macedonian) со избор на таа опција на официјалниот ТВ-канал на ЕУ (ЕБС).
Исторскиот настан на Инстаграм го сподели лично преведувачот од англиски на македонски присутен во прес-центарот на ЕК, Влатко Огњановски.

Вархеји утре ќе допатува во регионот, а посетата ќе ја започне во Северна Македонија.