Фудбалерот Изаир Емини е првиот македонски фудбалер кој е позитивен на коронавирус. Триесет и четиригодишниот тетовец, кој сега настапува за клубот Дрита во Косово, оваа информација ја објави на својот фејсбук-профил.

Подоцна и клубот ја потврди веста на својот профил на социјалната мрежа и ги повика здравствените власти во Косово да продолжат со тестирањата на сите фудбалери и на фудбалските работници за да не се доведе во ризик целата заедница.

Во објавата на клубот Дрита се наведува дека играчот немал симптоми и дека се чувствува добро.

Емини, кој досега бил дел од клубовите Ренова и Шкендија, од лани настапува во косовското првенство.
