Независниот синдикат на полицијата информира дека нивни членови ќе се вакцинираат против ковид-19 во Србија.
„Независниот синдикат на полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Р Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП. Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организациските единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе ве известиме“,
соопштија од Независниот синдикат на полицијата.
Инаку, вчера во Врање стотина македонски медиумски работници се вакцинираа против ковид-19 со вакцината „Астра Зенека“.