Приведувањето според албанската полиција е во рамки на акција „Серија“, во која се откриени уште два случаи на недозволени дејствија на албански државјани
Во албанското пристаниште Драч уапсен е македонски државјанин кој се обидел да шверцува цигари, соопшти албанската полиција.
„Уапсено е лицето А.Ј. (44) жител од Република Северна Македонија, откако при претрес на неговото возило службите на граничната полиција во пристаништето Драч пронашле и како материјален доказ одзеле голема количина кутии со цигари, за кои постои сомневање дека се шверцувани“,
пишува во полициското соопштение.
Приведувањето според албанската полиција е во рамки на акција „Серија“, во која се откриени уште два случаи на недозволени дејствија на албански државјани, кои, како и македонскиот, пристигнале со траект од Италија.
Фото: Архива
