Обвинетиот Н. Е., е осуден на затворска казна од страна на Судот во Скопје, каде што ја издржува казната веќе неколку години, така што уште без да ја издржи казната во целост, во моментот кога бил пуштен на слобода за посета, избегал од Република Северна Македонија
Државјанин на Република Северна Македонија по кој е издадена меѓународна потерница е приведен во Косово. Лицето, како што пренесе МИА, веќе било осудено и одлежувало затворска казна за тешко убиство, а се барало со Интерпол затоа што осуденикот не се вратил на издржување на казната откако бил пуштен на викенд.
Како што се наведува во соопштение од Основниот суд во Урошевац, по одржување на распит и анализа на списите на случајот, судијата на претходна постапка од Одделот за тешки кривични дела оценил дека постои основано сомнение дека е распишана меѓународна потерница по истото лице од Интерпол, со барање од 7 март 2022 година на Република Северна Македонија, поради кривично дело тешко убиство, кое е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.
„Во врска со ова, обвинетиот Н. Е., е осуден на затворска казна од страна на Судот во Скопје, каде што ја издржува казната веќе неколку години, така што уште без да ја издржи казната во целост, во моментот кога бил пуштен на слобода за на посета, избегал од Република Северна Македонија. Судијата во претходна постапка го одобри барањето на државниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот согласно член 22 став 1 од Законот за меѓународна правна соработка во кривична материја (Закон бр.04/Л -213) и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од четириесет дена. Во овој случај се известуваат странките дека жалбата против ова решение не го одложува неговото извршување“,
се наведува во соопштението.
Засега нема информации за тоа кога, каде и во кои околности е уапсен македонскиот државјанин во Косово.