На приведениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици на мотоциклот, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител
Грчката полиција приведе македонски државјанин на автопатот Солун – „Евзони“ што возел мотицикл со брзина од 223 километри на час. Мотоциклистот, како што пренесуваат грчките медиуми, се движел со двојно поголема брзина од дозволената за тој патен правец.

Ограничувањето на брзината на тој патен правец е 110 километри на час.
Според информациите на регионалната полициска дирекција на северна Грција, на автопатот Солун – „Евзони“, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја е приведен 49-годишен државјанин на Република Северна Македонија.
Државната грчка телевизија ЕРТ објави дека на приведениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици на мотоциклот, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.
Инаку, грчката полиција објави фотографии од радарот што ја регистрирал брзината.
