Македонските граѓани може да се вакцинираат без претходна пријава преку српската владина е-управа
Откако на македонските граѓани им е овозможена имунизација без претходна пријава преку српската владина е-управа, пред главниот пункт за вакцинација на Здравствениот дом во Спортската сала во Врање, се формираат редици и гужви од големиот број граѓани на Северна Македонија кои денеска пристигнаа во Врање за вакцината против вирусот ковид-19, јави МИА.

Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека поради зголемениот број заинтересирани, зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот“.
„На граѓаните на Република Северна Македонија им беше наложено да не прават гужви и им беше кажано дека сите ќе бидат вакцинирани“,
изјавија од Здравствениот центар во Врање за порталот Нова рс.
Последните неколку дена, стотици Македонци се вакцинирани во Врање, а само вчера вакцинирани се 599 лица, покажува статистиката на Здравствениот центар.