Натпреварот ќе се игра во Палермо со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу две илјади навивачи на нашата репрезентација
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сицилија ќе играат во полуфиналето од плејофот со репрезентацијата на Италија. Ова е прв пат во историјата, македонскиот национален тим да учествува во бараж за Светско фудбалско првенство.
Натпреварот ќе се игра во Палермо со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу две илјади навивачи на нашата репрезентација.
Победникот од овој меч во финалето ќе игра со победникот од пресметката Португалија – Турција.
Покрај овие две средби вечер уште играат Шведска – Шкотска и Велс – Австрија.
Средбата Шкотска – Украина е одложена, додека Полска службено го доби натпреварот против Русија.