Потоа, возило управувано од 56-годишен државјанин на Северна Македонија со судрило со истото стадо, се превртело и паднало во нива. Во возилото била и 50-годишната Македонка која е повредена
Македонска државјанка е повредена во сообараќајна несреќа со смртни последици во Грција во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи, јавуваат грчките медиуми.
Во несреќата загинаа двајца, а повредени се четири лица. Сообраќајката се случила синоќа околу 23:30 часот на автопатот Солун – Нео Петрициу.
Патролно возило, управувано од 42-годишен полициски службеник се судрило со чопор диви свињи кои поминувале на автопатот. Во автомобилот патувале уште двајца полицајци на возраст од 44 и 36 години.
Потоа, возило управувано од 56-годишен државјанин на Северна Македонија со судрило со истото стадо, се превртело и паднало во нива. Во возилото била и 50-годишната Македонка која е повредена.

Третото возило, во кое патувале две лица на возраст од 53 и 48 години се судрило со полицискиот автомобил, при што животот го загубиле двајцата патници.
50-годишната државјанка на Северна Македонија и тројцата полициски службеници се задржани на лекување во Кукуш.