Според Управата за хидрометеоролошки работи, портокаловата фаза се очекува да трае до четврток попладне, кога ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а в понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата

Земјава и натаму е зафатена од топлотен бран и високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и во следните денови ќе биде многу топло. Утринските температури ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 10.
Времето денеска ќе многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. UV=10.
„Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец, во делови од регионот кон крајот на денот ќе има услови за краткотрајно поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи“,
прогнозира УХМР за денеска.

Владата и Министерството за труд и социјална работа во овој период на портокалова фаза препорачуваат ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи граѓани, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде што техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа.

Се препорачува и приватниот сектор да го организира работното време за заштита на работниците од изложеност на сонце, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, портокаловата фаза се очекува да трае до четврток попладне, кога ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата.