За Ивановски ова а втора победа на „Визер скопскиот маратон“, по успехот во 2021 година
Во најмасовната трка на пет километри, на која на стартот се појавија околу 10 000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари

Македонецот Дарио Ивановски во машка и Кенијката Ирине Џеруто во женска конкуренција победија на годинашниот 21. „Визер скопски маратон“.
Ивановски патеката долга 42 километри ја истрча за 2:14:50 часа, додека Џеруто истата траса ја помина за 2:38:31 часа.
Ивановски до победата дојде во завршните два километри кога го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката.
За Ивановски ова а втора победа на „Визер скопскиот маратон“, по успехот во 2021 година.
Во машка конкуренција на второ место заврши Кениецот Џулиус Кипкоеч, а на третата позиција беше Давити Карашвили од Грузија, кој патеката ја помина за 2:19:59 часа.
Во женска конкуренција второто место ѝ припадна на Маринела Нинева од Бугарија, која патеката ја истрча за 2:45:36 часа, а трета беше Ана Јусупова од Азербејџан со време 2:48:10 часа.
Во полумаратонската трка најбрзо време истрчаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција. Имери патеката ја истрча за 1:07:57 часа, а зад него беа македонските натпреварувачи Иван Пешовски на второто место со време од 1:11:30 часа и Александар Арсов на третата позиција, кој истрча за 1:12:52 часа.
Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Греша Бакрачи од Косово. На втората и третата позиција се најдоа македонските натпреварувачки Теа Божиновска која беше втора со време од личен рекорд 1:21:10, а третата позиција ѝ припадна на Милјана Ристиќ-Стојчевска.
Во најмасовната трка на пет километри, на која на стартот се појавија околу 10 000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари.
Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт, победата во машка конкуренција ја однесе екипата „Врањски маратонци“ со време од 2:26:34 часа.