Според информациите објавени од неговите блиски, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер
По страшниот пожар во ски-центар во Швајцарија во кој животот го загубија одколу 40 лица, на социјалните мрежи е упатен апел за помош по исцезнувањето на Македонецот Стивен Ивановски. Тој бил последен пат виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ во познатиот зимски центар Кран-Монтана.

Според информациите објавени од неговите блиски, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер.
„Апел за помош: Семејството упатува молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да контактираат на следните телефонски броеви: 076 415 0868076 385 7165078 229 5745. Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“,
стои во апелот напишан на македонски јазик.

