Пензиите за мај ќе бидат на располагање од 27 мај, а ќе можат на шалтерите да се подигнуваат во четири групи, во период од 27 мај до 1 јуни, во зависност од нивната висина.
Ваква одлука денеска донесе Владата, усвојувајќи ја Информацијата со која го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2020 година.
На деловните банки им се препорачува од среда 27.05.2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Преку филијалите и експозитурите на банките треба да обезбедат готовинска исплата на пензии за они кои не користат картички, во четири групи според висината на пензијата:
-Во среда, на 27.05.2020 година ќе се исплаќаат пензии со висина до 11 000 денари;
-Во четврток, на 28.05.2020 година ќе се исплаќаат пензии во висина од 11.001 денари до 14 000 денари;
-Во петок, на 29.05.2020 година ќе се исплаќаат пензии во висина од 14 001 денари до 18 000 денари;
-Во понеделник, на 01.06.2020 година ќе се исплаќаат пензии во висина над 18 000 денари.
