Екипите на претпријатието „Македонија пат“ и тие на Министерството за транспорт вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот
Намалена видливост поради магла има на планинскиот превој Плетвар до 50 метри и во градовите Тетово до 100 метри, Струмица до 80 метри и Делчево до 100 метри, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сепак, поради врнежи од снег на одредени делови од земјата, се препорачува внимателно возење.
Екипите на претпријатието „Македонија пат“ и тие на Министерството за транспорт вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Се препорачува внимателно и совесно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина согласно условите на патниците правци, особено на тие што поминуваат низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
