На останатите патни правци сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози поради што се препорачува внимателно возење низ клисурите
Намалена видливост до 100 метри поради магла има утрово на патниот правец Свети Николе – Сарамзалино – Велес, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози поради што се препорачува внимателно возење низ клисурите.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од претпријатието апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
