По пребројани 53,45 отсто од гласовите, опозициската Тиса освојува 136 мандати, а владејачката Фидес 56 мандати во унгарскиот парламент, во кој треба да влезат вкупно 199 пратеници

Опозициската партија Тиса на Петер Маѓар убедливо води пред владејачката Фидес на актуелниот премиер Виктор Орбан по денешните парламентарни избори во Унгарија.
Ова го покажуваат првичните информации што ги објавува Националната изборна канцеларија на Унгарија.
По пребројани 53,45 отсто од гласовите, опозициската Тиса освојува 136 мандати, а владејачката Фидес 56 мандати во унгарскиот парламент, во кој треба да влезат вкупно 199 пратеници.
Резултатите од овие избори се сметаат за историски со оглед на рекордната излезеност на гласачите од над 79 отсто, но и поради сѐ поизвесниот пад на Виктор Орбан, кој е на власт последните 16 години.
