Унгарскиот весник Маѓар Немзет кој е неофицијално владино гласило и често се занимава со пуштање тест- балони, минатата недела (15 август), објави текст и поттикна дебата за тоа дали Унгарија треба да ја напушти Европската унија, под наслов „Време е да зборуваме за Хугзит“
Автор на текстот е политикологот Тамаш Фриц, познат по своите радикални десничарски позиции. Но, тој не е политички аутсајдер, туку водечки член на важни организации блиски до Орбан, како што е Форумот за граѓанска асоцијација
Унгарскиот политиколог Петер Креко за вели дека во моментов, напуштањето на ЕУ се уште не е во интерес на Орбан, туку „да го сврти јавното мислење против ЕУ за да има потенцијал за уценување за евентуален Хукзит наспроти Брисел, до тој степен, да го зголеми непријателството во Унгарија кон Унијата
Унгарскиот весник Маѓар Немзет („Унгарска нација“), кој е неофицијално владино гласило и често се занимава со пуштање тест- балони, на 18 август објави текст и поттикна дебата за тоа дали Унгарија треба да ја напушти Европската унија.
„Време е да зборуваме за Хугзит“, е насловот на германската верзија на текстот во Маѓар Немзет. Сето тоа одекна како бомба – го објавија речиси сите големи медиуми, политичарите од опозицијата беа згрозени, а многу аналитичари изразија загриженост.

Кога се зборува на оваа тема, треба да се потсети дека Унгарците, и покрај длабоките политички поделби, имаа консензус, и во политиката и општеството, дека членството во ЕУ е неприкосновено. И ова е еден од ретките консензуси што воопшто постојат во Унгарија.
„Конечно, мора сериозно да размислиме за можен излез од сојузот на држави што крвари од илјада рани, покажува империјални симптоми и се однесува со презир и ароганција кон источноевропските членки“,
пишува весникот и продолжува:
„Нашите патишта се разделија. Додека Западот веќе свесно раскрстува со христијанскиот морал и со светскиот поредок и наместо тоа најавува изградба на космополитско, безлично светско општество, кое се потпира на безгранично самозадоволство и самоуништување на поединецот, ние Унгарците, Полјаците и Централна Европа цврсто се придржуваме кон илјадагодишните културни и верски темели “.
Дали Владата знаела за текстот?
Автор на текстот е политикологот Тамаш Фриц, познат по своите радикални десничарски позиции. Но, тој не е политички аутсајдер, туку водечки член на важни организации блиски до Орбан, како што е Форумот за граѓанска асоцијација, кој организира тнр. „мировни маршеви“ – демонстрации на моќта на Владата на Орбан со десетици или стотици илјади учесници, на кои главно може да се слушнат остри говори против ЕУ.
Затоа, веројатно е дека владејачките кругови биле однапред информирани за написот на Фриц или можеби дури и се согласиле со него. Темата за Хугзит минатата недела беше начело на неколку унгарски политичари од владејачката партија – но само индиректно.

На почетокот на јули, Ласло Ковер, претседателот на унгарскиот парламент, во интервју изјави дека денес на референдум за членство во ЕУ дефинитивно ќе гласа против. И министерот за финансии, Михаљи Варга, минатата недела рече дека, сега, би гласал „за“ на референдумот, но, и дека прашањето може да добие ново значење на крајот на деценијата, кога Унгарија ќе почне да плаќа повеќе во буџетот на ЕУ отколку што добива од него.
Претходно, Виктор Орбан повремено изјавивуваше дека „се разбира, оти има живот надвор од ЕУ“, последен пат во 2016 година, во врска со Брегзит. Тој не се изјасни досега во најновата дебата. Но, во последниве години, тој се почесто и поагресивно доаѓаше во судир со Брисел, неодамна поради унгарскиот закон за забрана на таканаречената хомосексуална и транссексуална пропаганда. Во тие спорови, Орбан зборуваше се појасно дека ја отфрла ЕУ во сегашната форма.
Политичарите од унгарската опозиција веруваат дека Орбан и неговите соработници се кријат зад написот во весникот „Маѓар Немзет“.
„Почна кампањата на Орбан за нашата татковина да ја напушти Европската унија“,
напиша на Фејсбук политичарката Тимеа Сабо од лево-зелената партија Дијалог за Унгарија. И речиси сите други опозиционери дадоа слична изјава.
Но, унгарскиот политиколог Петер Креко за Дојче веле вели дека во моментов, напуштањето на ЕУ се уште не е во интерес на Орбан, туку „да го сврти јавното мислење против ЕУ за да има потенцијал за уценување за евентуален Хукзит наспроти Брисел, до тој степен, да го зголеми непријателството во Унгарија кон Унијата“.
Унгарците сe уште се проевропски
Орбан, исто така, го користи тврдењето дека Унгарија добивала се помалку пари од ЕУ и затоа повеќе не може да има корист од членството, објаснува Креко, кој работи на Институтот за хуманистички науки во Виена. Зошто ова го пави Орбан, според Креко е затоа што во анкетите на јавното мислење, Унгарците ги наведуваат европските фондови како една од најголемите предности на ЕУ.

„Но, мора јасно да се каже дека огромното мнозинство Унгарци, во принцип, се многу стабилно проевропски“,
истакнува Креко.
Затоа, смета тој, прекумерната пропаганда против ЕУ може да биде тактичка грешка на Орбан пред изборите следната пролет и може да ги поттикне неопределените гласачи кон опозицијата.