Од затворот во Бруклин каде што беше приведен, до Судот во Менхетен, соборениот венецуелски лидер и неговата сопруга се спроведени со хеликоптер и силно полициско обезбедување
Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој беше уапсен од властите на САД на 3 јануари, денеска заедно со својата сопруга Силија Флорес пристигна во Федералниот суд во Менхетен, Њујорк каде што подоцна во текот на денот ќе бидат прочитани сите обвиненија против нив.

Од затворот во Бруклин каде што беше приведен, до Судот во Менхетен, Мадуро и неговата сопруга се спроведени со хеликоптер и силно полициско обезбедување.
BREAKING: Nicolás Maduro surrounded by heavy security as he is transported to New York City court ahead of his arraignment. pic.twitter.com/2EqrMrNKxe
— Fox News (@FoxNews) January 5, 2026
Си-ен-ен објави дека Мадуро веќе добил адвокат назначен од Судот.
Случајот против Николас Мадуро му е доделен на 92-годишниот федерален судија Алвин К. Хелерштајн, кој беше номиниран и потврден од претседателот Бил Клинтон во 1998 година.
Пред Федералниот суд во Менхетен се очекува Мадуро да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје.
Според новото обвинение против заробениот венецуелски лидер, во кое сега се вклучени и неговата сопруга Силија Флорес и синот, се вели дека повеќе од 25 години, лидерите на Венецуела „ги злоупотребуваа своите позиции на јавна доверба и ги корумпираа некогаш легитимните институции за да увезат тони кокаин во САД“.
