Мадрид и Барселона нема да преминат кон олабавување на мерките воведени во Шпанија поради епидемијата со коронавирусот, изјави денеска шпанскиот координатор за итни ситуации Фернандо Симон.
Во овие два густо населени региони има околу половина од потврдените случаи на инфекција во земјата, поради што сметаат дека не се доволно подготвени да ги олеснат рестриктивните мерки.
Весникот на „Гардијан“ наведува дека шпанската Влада излезот од изолацијата го спроведува во четири фази, со олеснување на ограничувањата условени од параметри, како што е стапката на зараза.
Втората фаза од ублажувањето овозможува отворање на барови, ресторани и места за богослужба, со задолжително ограничување на капацитетот.