Освен Сулејмани, автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ ја преживеаја уште пет македонски и еден белгиски државјанин
Српскиот државјанин Лулзим Сулејмани е еден од седумте повредени патници што успеаја да се спасат во кобната автобуска несреќа што се случи вчера во раните утрински часови во Бугарија, пренесува бугарската телевизија „Нова“.
По несреќата, Лулзим успеал да го скрши страничното стакло со чекан кој го нашол во автобусот и да ги извлече другите 6 преживеани патници. Тој прво ѝ помогнал на својата свршеница, која имала скршеница на ногата, а потоа и на другите патници.
Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ, го посети Сулејмани во болницата во Софија во која е хоспитализиран, известуваат од српската амбасада во Бугарија.
Инаку, Сулејмани е српски државјанин со потекло од Прешево. Сообраќајната несреќа ја преживеаја уште пет македонски државјани и еден државјанин на Белгија.