Новите претседател и генерален секретар на СДСМ моментно водат интензивни разговори со партнерите, во понеделник се очекува да заседава ЦО, по што предлозите за нови министри ќе бидат доставени во парламентот, според најавите на заменик-претседателката на најголемата владејачка партија
Разговорите и консултациите околу новите Влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник очекуваме да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во интервју за телевизија Канал 5.
„Во моментов претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалициските партнери кои одат во позитивна насока. Сепак станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде наекономијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните, ефикасност на институциите, како и ба европскиот пат на земјата“
рече Лукаревска.
Осврнувајќи се на персоналните решенија заменик претседателката Лукаревска истакна станува збор за проверени кадри кои ќе се вложат во својата работа и ќе испорачаат резултати за граѓаните и државата.
„Единствено што можам да потврдам и да кажам за јавноста е тоа дека сите кадри кои ќе бидат вклучени во новиот владин кабинет ќе бидат исправени пред големи предизвици меѓутоа станува збор за проверени кадри, искусни луѓе кои што ќе си ја знаат својата работа и кои ќе носат резултати, ќе реализираат повеќе проекти и ќе се водат според новата владината програма, во интерес на граѓаните“
вели Лукаревска.