Како што додаде таа, СДСМ постојано имал предлози за подобрување на животниот стандард, за зголемување на платите, за намалување на ДДВ за електрична енергија и укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, но сето тоа било одбивано од власта

По сите големи ветувања на изборите во 2024 година и по четири години локална власт, има огромни разочарувања кај граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ, особено за нереализираните ветувања и за економијата, рече вечерва пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска на гостувањето во емисијата „Вести плус“ на телевизијата Канал 5. Како што рече таа, граѓаните ќе го земат тоа во предвид кога ќе одлучуваат за кого да гласаат на локалните избори.
„Со ВМРО-ДПМНЕ има катастрофални економски параметри, платите стагнираат, додека во регионот растат, и БиХ не претрка со минимална плата од 511 евра. Регионот оди нагоре ние стагнираме, а како што растат цените како што растат трошоците за живот така паралелно мора да растат и платите, а сега ние имаме очајни плати а имаме европски цени нашата минимална плата е скоро една третина од европската плата, тоа е навистина е недозволиво“,
рече Лукаревска.
Како што додаде таа, СДСМ постојано имал предлози за подобрување на животниот стандард, за зголемување на платите, за намалување на ДДВ за електрична енергија и укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, но сето тоа било одбивано од власта. Пратеничката рече дека не се применувал ниту Законот за нефер трговски практики.
Таа додаде дека СДСМ изнесува алармантни состојби за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на локално и централно ниво, како и бројни скандали.
„Ние како опозиција секојдневно, еве изминатите два дена имавме серија на прес конференции од наши кандидати за градоначалници, во конкретни општини со цел да се разобличи она што значи локално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и секако нивните градоначалници кои не ги исполнија ветувањата“,
рече Лукаревска.
Пратеничката се осврна и на резултатот од последните парламентарни избори, на кои СДСМ доживеа тежок пораз, освојувајќи помалку од 16 проценти од гласовите, наспроти речиси 45 отсто на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека партијата ја добила пораката од граѓаните, и затоа на претстојните локални избори ќе излезе со, како што вели, одлична кадровска понуда.
„Треба извесен период за соодветни анализи и сондажи за тоа каде потфрливме, но сметам дека сега, а имавме и ново раководство, имаме одлична кадровска понуда за градоначалници. Во тек се и конципирањата на советничките листи каде исто, ќе имаме фасцинантна понуа. Силна опозиција е неопходна, а ние како СДСМ сме на добар пат зашто постојано алармираме на прес-конференции, во рамки на Собранието, во медиумите, предлагаме законски решенија, се бориме за департизација на институциите“,
рече Лукаревска во емисијата.
Таа додаде дека СДСМ секојдневно изнесува афери и обвинувања за власта на прес-конференции, особено за да се разобличи локалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и дека се што се соопштува таму е поткрепено со докази.